Потпишани договорите за изградба на двата нови автопата

Bez autora
Nov 13 2013

Владата на Република Македонија вчера со кинеската компанија „Синохидро корпорејшн лимитед“ ги потпиша договорите за изградба на автопатските делници од Миладиновци до Штип и од Kичево до Охрид. Договорите од име на Владата ги потпишаа вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски, а од кинеска страна овластениот претставник на компанијата Ју Шичун. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 580 милиони евра со можност од максимум 10 проценти за дополнителни работи. Најголем дел од средствата, односно 90 проценти, се обезбедени преку кредит од кинеската банка ЕKСИМ, а другите 10 проценти од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Потпишани договорите за изградба на двата нови автопатаВладата на Република Македонија вчера со кинеската компанија „Синохидро корпорејшн лимитед“ ги потпиша договорите за изградба на автопатските делници од Миладиновци до Штип и од Kичево до Охрид.

Договорите од име на Владата ги потпишаа вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски, а од кинеска страна овластениот претставник на компанијата Ју Шичун.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 580 милиони евра со можност од максимум 10 проценти за дополнителни работи. Најголем дел од средствата, односно 90 проценти, се обезбедени преку кредит од кинеската банка ЕKСИМ, а другите 10 проценти од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Во согласност со договорот, изведувачот е должен да ангажира македонски подизведувачи за најмалку 49 проценти од предвидените работи, а исто така и да набави најмалку 49 проценти градежни материјали од Македонија. Изведувачот и подизведувачот во тек на изградбата се обврзани да ангажираат за работа минимум 51 процент македонски државјани.

Градежните активности се очекува да започнат во првиот квартал на идната година.

Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде со должина од 53 километри и со ширина од 29 метри, со по две коловозни ленти во двата правца и една дополнителна лента за застанување. Автопатот од Kичево до Охрид е во должина од 56,7 километри со широчина од 25,5 метри, со две автопатски ленти, дополнителна линија за запирање и зелен појас.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik